Добредојдовте на страницата на Здружение ИЗБОР
Водени од огромниот предизвик во 1997 година го формиравме здружението ИЗБОР кое представува реален одговор на растечките потреби на сите оние кои имаат проблеми заради злоупотребата на дроги и алкохол, членовите на нивните семејства, можноста од инфекција со ХИВ вирусот и другите преносливи инфекции карактеристични за целната група.
Здружение Избор спроведува програми за намалување на штети, бесплатна правна помош и остварување на основните човекови права. Обезбедуваме прифат, третман, лекување, се до рехабилитација и реинтеграција на лица со проблеми заради злоупотреба на психоактивни супстанции.
Најнова е програмата за работа на терен кај сексуалните работници со цел едукација и превенција од ХИВ/СИДА.
“Не е можно да не паднеш но можно и нужно е повторно да станеш.”